Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за Цементарница поради огромно загадување

Кривична пријава за Цементарница поради огромно загадување

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ќе поднесе кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ оти инспекторите од Град Скопје и од Министерството за животна средина утврдиле дека испушта штетни честички и гасови трипати над дозволените граници.

dobivaj vesti na viber

„ Преземав иницијатива за покренување кривична постапка против цементарницата ‘Титан Усје’ за непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина со што се загадува воздухот, почвата, водата во поголем обем и со што се предизвикува опасност по животот и по здравјето на луѓето. Граѓаните на Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении не трујат обидувајќи се со донации по општините со коруптивно однесување со најразличен вид на влијанија да се амнестираат за одговорноста за загадувањето на животната средина од која што илјадници наши сограѓани страдаат од бројни заболувања“, рече градоначалничката Арсовска.

Мерењата, на иницијатива на Град Скопје, ги направиле заеднички со Министерството за животна средина на 26 и 27 декември минатата година и на 3 и 4 јануари оваа година. Во двата наврати Арсовска извести дека се измерени огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честици кои го загадуваат воздухот. Во декември измерени се трипати повеќе ПМ 10 честици од дозволената граница, а слични биле резултатите и од овој месец.

Можете да прочитате

Додека работниците чекаат, директорот на ДЗС добива покачување на платата вели Трендафилов

Митева: Владата презема конкретни мерки за грижа на сите повредени, Пониква станува рехабилитациски центар

30 дена притвор за Ристо Крмзов