Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против заменик-командир на шумска полиција во Демир Хисар

Кривична пријава против заменик-командир на шумска полиција во Демир Хисар

Полицијата поднесе кривична пријава против заменик-командирот на шумската полиција во Демир Хисар поради злоупотреба на службената положба.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот Д. Т. (58), во својство на заменик-командир на Шумската полиција во Демир Хисар, во два наврата постапил спротивно на своите овластувања. Имено, во с. Смилево и с. Прибилци биле затекнати две лица како со возила превезуваат огревно дрво без документација, но пријавениот, иако бил должен, не поднел барања за поведување прекршочна постапка против лицата, а наредниот ден им ги враќал возилата.

Можете да прочитате

„Ауди“ удри малолетен пешак во Скопје – детето итно пренесено во Ургентен

Филипче: Од Брвеница почнува промената – ВМРО ќе има еден градоначалник помалку

ЦУК: Еден активен пожар, еден под контрола