Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против скопјанец поради фалсификување возачка дозвола

Кривична пријава против скопјанец поради фалсификување возачка дозвола

Кривична пријава против скопјанец поради фалсификување возачка дозвола.

dobivaj vesti na viber

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д. П. (24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа по член 378 од Кривичниот законик. Пријавениот набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување моторни возила од категорија Б и ја користел за возење мигранти на територијата на Република Хрватска и Република Словенија.

Фалсификуваната дозвола била пронајдена кај пријавениот при претрес за друго кривично дело во државата за што подоцна во истражна постапка од полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал било утврдено дека е фалсификат.

Можете да прочитате

СТАНОВИТЕ СТАНАА ЛУКСУЗ: Скопје поскапува, а во Европа квадрат чини и над 22.000 евра

ЛДП: На кој Мицкоски да му веруваме — на оној од април или на оној од август?

Утре почнува учебната година со 3.000 ученици помалку во прво одделение