Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна

Mvr.webp.webp

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против А.Ј., полициски службеник во ПС ОН Ѓорче Петров, поради сомнение за оддавање на службена тајна, според член 360 од Кривичниот законик. На 20.12.2025, управител на угостителски објект пријавил кривични дела „оштетување на туѓи предмети“ и „изнуда“.

Полицискиот службеник доби видео запис од безбедносни камери во врска со пријавата и преку „Инстаграм“ го направи достапен на лице кое издржува казна затвор за „изнуда“. МВР најави дека против А.Ј. ќе биде поведена дисциплинска постапка, која вклучува одземање на службеното оружје и муниција, задолжителен психолошки и психијатриски преглед и суспензија од работното место до завршување на постапката.

Можете да прочитате

ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов

Шилегов по одлуката на ИО за исклучување: Утре ќе дадам коментар имам многу што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

Доброволните пожарникари од Кочани: Пораката „горе има жртви“ беше најтешкиот момент од интервенцијата во „Пулс“