Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против ексградоначалникот на Кичево

Fatmir dehari2.jpg

Полицијата поднесе кривична пријава против Фатмир Дехари, од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

Според СВР Охрид, Дехари, како градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања, спротивно на Законот за локалната самоуправа и Законот за пожарникарство.

„Пријавениот, од 2016 година, секоја година склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година не ги прекинуваше договорите и не им овозможуваше на вработените да добијат соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен државен орган“, велат од полицијата.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 април 2026 година

СВЕТИ ЗИНОН ВЕРОНСКИ: Истакнат епископ, борец против аријанството и голем чудотворец

Трајанов: Македонија има најразвиен систем за превенција од радикализација во регионот