Утрински Весник
Спорт

Критики за Перишиќ и Ришарлосон: Тотенхем доживеа дебакл, а тие си ги сменија дресовите со противниците

Критики за Перишиќ и Ришарлосон: Тотенхем доживеа дебакл, а тие си ги сменија дресовите со противниците

Тотенхем во неделата го претрпе еден од најсрамните порази во клупската историја. Загуби со 6:1 од Њукасл. Тоа е тежок удар за лондонскиот клуб во борбата за Лигата на шампионите, а поради шокантниот резултат отказ доби привремениот менаџер Кристијан Стелини.

dobivaj vesti na viber

Џејми О’Хара, поранешен играч на Тотенхем, по натпреварот особено ги критикуваше Иван Перишиќ и Ришарлисон. Не му се допадна тоа што Хрватот и Бразилецот ги замениле дресовите со играчите на Њукасл.

Перишиќ гго смени дресот со двојниот стрелец Џејкоб Марфи, а Бразилецот со поранешниот соиграч од Евертон, Ентони Гордон.

„Зошто би сакале да го смените дресот по натпревар каде што сте целосно посрамени? Дали мислите дека Рој Кин или Стивен Џерард би ги смениле дресовите по ваков дебакл? Мислите дека Али Мекоист би го сменил дресот по дебаклот на Олд Фирм. Дали е ова шега?, изјави О’Хара, кој играше за Тотенхем од 2005 до 2011 година.

„Не знам во што се претворија денешните играчи, но тие не се вистински фудбалери. Ако барате дрес откако сте поразени со 6:1, напуштете го клубот! Треба да ги земете сите свои дресови, копачки и плати и даим ги дадете на навивачите кои патуваа во Њукасл да го гледаат тој дебакл“, додаде тој.

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи