Утрински Весник
Спорт

Кристијано Роналдо ќе го предводи Португал на ЕУРО во Германија

Ronaldo.jpg

Португалскиот селектор Роберто Мартинез го објави списокот на играчи кои ги носи на ЕУРО во Германија.

На Европското првенство во Германија, шампионите од 2016 година ќе играат во група со Чешка, Турција и Грузија, а повеќе од јасно е дека Португалија е голем фаворит за освојување на првото место.

Нив очекувано ќе ги предводи Кристијано Роналдо (39), кој е најголемата ѕвезда на оваа репрезентација, но не и најстариот во тимот.

Имено, тренерот Роберто Мартинез го повика искусниот стопер Пепе, кој веќе има 41 година, но зад себе има одлична сезона во Порто, па нема причина да не игра и ова ЕУРО.

Португалеците за ЕУРО во Германија:

Голмани: Диого Коста, Руи Патрико, Хозе Са
Одбрана: Жоао Кансело, Диого Далот, Нелсон Семедо, Пепе, Рубен Диас, Антонио Силва, Гонкало Инасио, Данило, Нуно Мендес
Среден ред: Палхиња, Рубен Невес, Витиња, Жоао Невес, Бруно Фернандеш, Отавио
Напад: Бернардо Силва, Рафаел Леао, Франциско Консеико, Диого Јота, Жоао, Феликс, Гонкало Рамос, Кристијано Роналдо

Португалија првиот натпревар го игра на 18 јуни против Чешка, четири дена подоцна ќе се соочи со Турција, а во 3. коло од групната фаза на 26 јуни Португалците ќе играат против Грузија.

Можете да прочитате

Сопственикот на Рома го купува Евертон за 475 милиони евра

ЕВРО 2024: Премиерниот натпревар го следеле 22 милиони телевизиски гледачи во Германија

ИОК: На Игрите во Париз 14 руски и 11 белоруски спортисти