Утрински Весник
Македонија

Крилото на Таравари одржува партиско собрание, актуелната политичка состојба и локалните избори на дневен ред

20250401073515 big 730x400 20.webp.webp

Алијанса за Албанците, крилото чиј лидер е Арбен Таравари, денес одржува собрание на партијата.

Според дневниот ред и статутот на партијата, претседателот на партиското собрание Арбен Фетаи покрај формалностите за записникот од претходната седница и одлуката за исплата на членарина од страна на функционерите, на дневен ред ги стави уште и точките на кои ќе се дискутира за актуелна политичка состојба во државата, а ќе има и дискусија за локалните избори 2025 година.


На дневниот ред е и усвојување на декларација за трагедијата во Кочани.

Според најавите изјава пред настанот ќе даде и лидерот Таравари.

Можете да прочитате

Странски возачи чекаат да ги платат казните од „Сејф сити“, гужва на Табановце

ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци