Утрински Весник
Свет

Кремљ: Плановите на ЕУ за формирање суд за воени злосторства се нелегитимни

Русија нема да бара екстрадиција на оние што ја напуштија земјата за да избегнат мобилизација

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги осуди повиците на Европската Унија за формирање суд за воени злосторства поради руските дејствија во Украина.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека такво тело нема да има легитимитет и е неприфатливо за Москва.

„Што се однесува до обидот за формирање некаков суд, тој нема да има никаков легитимитет и нема да го прифатиме, ќе го осудиме“, изјави Песков за новинарите, а пренесува Интерфакс.

Во одговор на прашањето како Кремљ би реагирал на ваквите дејствија, Песков рече дека руските истражители работат на откривање на злосторствата на „киевскиот режим“.

„Многу е важно на сето ова да се додадат податоците за злосторствата извршени од режимот од 2014 година и за кои, за жал, не видовме критика од Западот“, додаде портпаролот на Кремљ.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека Европската Унија ќе се обиде да формира специјализиран суд, со поддршка на Обединетите нации, кој ќе ги истражи и гони наводните воени злосторства извршени од Русија во Украина.

Како што рече таа, ЕУ продолжува да му дава поддршка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), со што предлага формирање на специјализиран суд, со поддршка на Обединетите нации, кој ќе ги истражува и гони „злосторствата на руската агресија“.

Можете да прочитате

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Голем пожар во Копенхаген: гори зградата на поранешната берза, пожарот ја зафати кулата, се урна покривот

Гроси загрижен поради можноста Израел да ги нападне иранските нуклеарни постројки