Утрински Весник
Свет

Кремљ: Не очекуваме позитивна промена по посетата на Зеленски на Вашингтон

Кремљ: Не очекуваме позитивна промена по посетата на Зеленски на Вашингтон
Ss2

Кремљ не очекува да има позитивни промени по денешната најавена посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„Накратко, не“, одговори Песков на прашањето дали очекува напредок во позитивна насока, пренесе ТАСС.

300x250 (7)

Песков откри дека Путин нема да се сретне со директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, кој утре ќе дојде во Москва на разговори за создавање безбедна зона околу нуклеарната централа Запорожје во украинскиот град Енергодар.

„Средбата меѓу Путин и Гроси не е планирана“, рече Песков.

Песков истакна дека руското Министерство за одбрана навистина се обидува да ја подобри ситуацијата во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР).

„Претседателот опиша дека ситуацијата во ДНР е многу тешка. Нашето Министерство за одбрана прави максимални напори да ја подобри ситуацијата“, рече Песков.

Според него, Путин во текот на денот ќе има „многу долг“ разговор во Министерството за одбрана со државниот врв, а на средбата ќе присуствува и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

„Претседателот, секако, ќе одржи важен и долг говор. По разговорот со претставници на Министерството за одбрана, претседателот ќе даде изјава“, рече Песков.

Ss1

Можете да прочитате

Русин избодел двајца Украинци во Германија

Блинкен пристигнува во Ријад – 24info.mk

Фатена кинеска банда која фалсификувала монети од две евра