Утрински Весник
Свет

Кремљ: Европските и украинските измени не ги зголемуваат шансите за мир во Украина

Kremlj moskva.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Советникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков, денеска оцени дека европските и украинските амандмани на американските предлози не придонесуваат за подобрување на изгледите за постигнување мир во Украина.

– Сигурен сум дека предлозите изработени или се обидуваат да ги подготват Европејците и Украинците дефинитивно не го подобруваат документот и не ги подобруваат шансите за постигнување траен мир, посочи Ушаков.

Во меѓувреме, европските и украинските преговарачи разговараат за низа измени во американскиот предлог за договор за прекин на војната, која трае речиси четири години, иако деталите за можните корекции засега не се соопштени. Ушаков, како и претходно портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, нагласи дека не се подготвува заеднички состанок на претставници од САД, Украина и Русија, и покрај тоа што од петокот во САД се одржуваат одделни разговори поврзани со евентуално мировно решение.

Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Вашингтон предложил организација на трилатерален состанок. За време на викендот во Мајами, Флорида, украински и европски претставници разговараат со американските посредници, кои паралелно водат разговори и со рускиот претставник Кирил Дмитриев. Тој оцени дека дискусиите со Стив Виткоф и Џаред Кушнер „напредуваат конструктивно“.

Можете да прочитате

Зеленски бара уште една средба со европските сојузници

Жители на украински села биле киднапирани и присилно однесени во Русија

Саудиска Арабија го проширува пристапот до алкохол за странски резиденти