Утрински Весник
Култура

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ ја освои 7-та награда на фестивалот „Chicago Shorts”

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ ја освои 7-та награда на фестивалот „Chicago Shorts”

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју Продукција“ е награден со уште една награда на фестивалот за краткометражни филмови „Chicago Shorts“, во САД за најдобра музика во краток филм. Музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев.

dobivaj vesti na viber

Инаку, ова е 7-ма награда за филмот „Шеќерни луѓе“. Претходно филмот ги освои наградите за најдобра актерка за Сара Климоска на „Kiez Berlin Film Festival” во Германија, на „Reale Film Festival” во Италија, и на „Art Film Spirit Awards” во соработка со Toronto Film magazine каде наградата за надобар актер беше доделена и на актерот Филип Трајковиќ. Филмот досега ги има освоено и наградите за најдобра оригинална музика (композитор Дуке Бојаџиев) на „CineParis Film Festival” во Франција и за најдобар постер (дизјанер Коста Лазаревски) на „Toronto Women Film Festival” во Канада.

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе ”, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи Кју Продукција“, исто така е во селекција на 20 меѓународни фестивали во САД, Канада, Франција, Шпанија, Германија, Албанија, Италија, Парагвај, Турција, Романија и Аргентина.

Главните улоги ги играат Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски и Сузана Диневски, директори на фотографија се Димитар Попов и Дејан Димески, монтажата е на Гоце Кралевски, дизајнер на постерот е Коста Лазаревски, трејлерот е изработен од Горан Вуќиќ, тонски дизајнер е Дарко Спасовски и музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“