Утрински Весник
Спорт

„Кралевите“ тргнуваат по светскиот шампион кој го носи дресот на Брајтон

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Реал Мадрид е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Брајтон, Алексис Мекалистер, тврдат медиумите на Островот. На „Сантијаго Бернабеу“ бараат опции за замена на Лука Модриќ, кому му истекува договорот, а се насочиле кон светскиот шампион со Аргентина.

dobivaj vesti na viber

Мекалистер блесна со настапот на Светското првенство во Катар, каде одигра клучна улога на патот на Аргентина до светската титула. Во Брајтон исто така се претстави одлично оваа сезона, со 26 настапи, девет гола и една асистенција во сите натпреварувања.

Сепак, Реал Мадрид би можел да има сериозна конкуренција за потписот на 24-годишниот фудбалер, кого го бараат и Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Пари Сен Жермен.

Можете да прочитате

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата