Утрински Весник
Спорт

Крај на сезоната за Хатебур

Крај на сезоната за Хатебур

Фудбалерот на Аталанта, Ханс Хатебур, поради повреда на коленото ја заврши сезоната. Хатебур се повреди во сабоата, во победата на Аталаната над Лацио во Рим од 2:0.

dobivaj vesti na viber

Аталанта објави дека Хатебур ги скинал предните вкрстени лигаменти во десното колено. Фудбалерот ќе биде опериран денеск во Рима.

„Кога предниот вкрстен лигамент ќе ја уништи одличната вечер во Рим“, напиша 29-годишниот холандски фудбалер на Инстаграм.

Хатебур постигна два гола и забележа една асистенција на 19 настапи во сите натпреварувања оваа сезона.

Неговиот договор со Аталанта истекува во јуни 2024 година.

Хатебур пристигна во Аталанта во 2017 година и досега забележа 209 настапи за италијанскиот клуб и постигна 12 гола.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина