Утрински Весник
Свет

Ковчегот на папата Франциск ќе биде запечатен вечер на литургиски обред

Papa.jpg

Ковчегот на папата Франциск ќе биде запечатен за време на литургиски обред што ќе се одржи вечер во 20 часот во базиликата „Свети Петар“. Кардиналот Кевин Фарел ќе претседава со обредот на запечатување на ковчегот на покојниот папа Франциск, пред неговиот погреб утре изутрина.

На литургискиот обред ќе присуствуваат неколку кардинали и функционери на Светата Столица, објави Ватикан њуз. Тоа ќе го означи крајот на јавното изложување на телото на покојниот папа во базиликата „Свети Петар“, каде што десетици илјади луѓе му оддадоа почит.


Повеќе од 128.000 луѓе поминаа покрај исповедниот олтар во последните 24 часа откако ватиканската базилика се отвори за верниците завчера наутро. Базиликата „Свети Петар“ остана отворена до 5:30 часот вчера, затворајќи се еден и пол час пред повторно да се отвори во 7 часот наутро.

Канцеларијата за литургиски настани побара на обредот на запечатување да присуствуваат кардиналите Џовани Батиста Ре, Пјетро Паролин, Роџер Махони, Доменико Мамберти, Мауро Гамбети, Балдасар Реина и Конрад Крајевски.

Меѓу оние што ќе помогнат на церемонијата ќе бидат надбискупот Едгар Пења Пара, надбискупот Илсон де Хесус Монтанари и монсињор Леонардо Сапиенца, како и секретарите на покојниот папа.

Можете да прочитате

Кличко за Би-Би-Си: Украина би можела да биде присилена да се откаже од делови од територијата за постигнување мир

Ројтерс: САД се подготвени да ѝ понудат на Саудиска Арабија пакет оружје вреден 100 милијарди долари

Медведев: Русија нема да дозволи историјата да се прекројува