Утрински Весник
Македонија

БИДЕТЕ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ: Бурни Атмосферски процеси ќе имаме и викендов!

Meteoalarm.mk 44.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Бурни атмосферски процеси и тоа поради влијанието на плитката фронтална долина која се наоѓа над нашиот дел од Европав ќе имаме  и за време оа овој викенд (26 и 27 април). Времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.


Локално Атмосферските процеси ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град. Токму поради ваквата состојба, апелирам граѓаните да бидат крајно внимателни.

И во Скопскиот регион за време на викендов (26 и 27 април) времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Во делови од котлината ќе биде  и нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е  и појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, додека за неколку степени пониски температури ќе имаме во недела (27 април). Сепак и покрај ова останува релатино топло времето.

Можете да прочитате

Уапсени 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник

СДСМ: Македонија е со највисока стапка на западнонилска треска во Европа

Уапсен возач од Полска на ГП „Табановце“ – возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч