Утрински Весник
Македонија

Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците, со 250 милиони евра годишно дополнително ќе се развиваат општините

Dragan Kovachki 1.jpg
300x250 (7)

Интегрален текст од изјава за медиуми на Драган Ковачки носител во ИЕ3 од ВМРО-ДПМНЕ:

Благодарност за поканата на нашиот градоначалник Виктор Паунов, тука сме заедно и со кандидатот за пратеник Гордана Барбашка. Како што нашиот градоначалник работи и покрај опструкциите од централната власт, гледате дека се развива и се гради.

Ss1

Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат.

Како што работи нашиот градоначалник во Карбинци, така ќе работиме и ние на централно ниво.

Дополнително за жителите од овој крај предвидуваме над 800 милиони евра во 4 годишен мандат за земјоделците што значи реконструкција на сите водоводни канали, да го решиме проблемот со водоснабдувањето, да го решиме проблемот со загарантираниот откуп, и да го решиме проблемот со загарантираната цена. Значи ќе отвораме и нови откупни центри.

Земјоделците од овој крај заслужуваат внимание, заслужуваат да си ја работат земјата тие, а не земјата да ја поседуваат феудалци како Љупчо Николовски и сличните на него.

Македонија е одлучна за промени, Македонија сака да биде горда, и Македонија заслужува да биде повторно твоја.

Затоа ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да ни се приклучат да излеземе заеднички, да ставиме крај на овие црнила и овие сивила кои ги донесоа СДС и ДУИ.

Ss1

Можете да прочитате

Таравари-Ванхоуте: Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце 

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ УШТЕ ДЕНЕС И УТРЕ: Температурите ќе достигнат до 27 степени

(ВИДЕО) Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот!