Македонија има потреба од сеопфатна стратегија за правецот во кој ќе се движи во наредните децении.
Визијата на претседателот Христијан Мицкоски за стратегија на државата до 2050 година е столб кој мора да не обедини како општество.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДС да ги напушти теснопартиските интереси и да го прифати предлогот на претседателот Мицкоски. Важно е како опозиција да покажат конструктивност и чувство на одговорност кон државата.
Ги повикуваме СДС да се произнесат.
Визијата на претседателот Мицкоски за стратегија на државата до 2050 година ги опфаќа приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели и како да се стигне до нив, земјоделски и технолошки развој, енергетски и транспортен развој, подобрување на животната средина, образование и здравство во тек со светските достигнувања.
Македонија има потреба од нова парадигма, која ќе ја внесе државата во новото време.
Ние не смееме да заостануваме кога се’ во светот се менува, а научните и економски процеси забрзано се развиваат.
Македонија не смее да биде заложник на нечии теснопартиски интереси, ниту пак да биде монета за поткусурување на нечии политички кариери.
Интересот на државата и на генерациите кои доаѓаат после нас мора да биде врвен приоритет. Тоа може да се оствари само со една сеопфатна стратегија, која ќе го трасира патот за развој на државата, каде граѓанинот и неговиот интерес ќе бидат јадрото.
СДС да излезат од својата деструктивна матрица во која се затворени со години, и да покажат конструктивност и одговорност, затоа што потоа нема да имаат можност со ништо да се оправдаат пред идните генерации.
Имаме одговорност како генерација да ја унапредиме државата и да овозможиме подобра стартна основа на генерацијата после нас, од таа што сме ја имале ние. И нека тоа биде императив за секоја идна генерација, така Македонија ќе биде секогаш држава која расте и се развива.
Претседателот Мицкоски отвори дебата, ги повикуваме сите чинители во општеството да се вклучат.