Утрински Весник
Македонија

Ковачки: Постојат сериозни сомнежи за трговија со влијание на Битиќи и Муслиу, за нивните сопруги да добијат 620.000 евра грант, а ЈО молчи 4 дена

Dragan Kovacki 23.01.2024

Ковачевски, Пендаровски и ЈО четврти ден молчат за грантот од 620.000 евра на сопругите на вицепремиерот Битиќи и директорот на АР Еролд Муслиу, кои успеале да го добијат со претходно склучен Меморандум со Националниот координатор за сузбивање на тероризам назначен од владата.

Грант од 620.000 евра, сопруги на вицепремиер и директор на служба, одлука на влада, сето ова ставено во една реченица треба да биде доволно ЈО барем да се заинтересира да провери и отвори истрага, но од таму молк.

Колку повеќе откриваме од случајот, толку повеќе станува јасно дека власта сериозно забегала.

Имено, единственото нешто кое сопругата на Муслиу го има со безбедноста и со борбата со тероризмот е дејноста на нејзиниот сопруг – директор на АР, затоа што госпоѓата е магистер на земјоделски факултет.

Која е експертизата која истата ја има за областа и како се нашла да биде дел од Конзорциумот?

Колку може да биде квалитетната експертизата и анализите кои за потребите на националниот комитет за насилен екстремизам и борба со тероризам во кој членува нејзиниот сопруг, ги прави Магистерка по земјоделие?

Почитувани,

Претставниците на власта со злоупотреби на службени позиции, со трговија со влијание за добивање на странски грантови од областа на безбедноста на земјоделци чии сопрузи се државни функционери, докажуваат дека институциите максимално се злоупотребуваат и искористуваат за лични лукративни цели.

За сите горенаведени информации, институциите кои се под целосна контрола на СДС и ДУИ – молчат.

Со молчењето ЈО, Пендаровски и Ковачевски, истите потврдуваат дека знаат и го одобруваат ова дејание.

Доколку сакаат да глумат Европјани, тогаш Пендаровски да не молчи, туку веднаш да го разреши Муслиу и да го повика истото да го направи и Ковачевски со Битиќи во Собрание.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина