Утрински Весник
Македонија

Ковачевски се пожали оти 85% од компаниите не биле џентлмени

Ковачевски се пожали оти 85% од компаниите не биле џентлмени

Над 85 отсто од компаниите не го испочитувале договорот со Владата, со кој добија поевтина струја. Според премиерот Димитар Ковачевски тоа бил т.н. џентламентски договор дека трговците ќе ги намалат цените на основните производи за 10 отсто, во замена за тоа да добијат помали сметки за струја. Директорот на Пазарна инспекција, Горан Трајковски кажа дека извештаите покажуваат оти трговците не ги намалиле цените.

dobivaj vesti na viber

„ДПИ по насока на Министерството за економија изврши детални анализи на сите оние компании кои користеа субвенционирана електрична енергија и тој извештај го доставивме до министерството за економија. Законска обврска немаме ние, има Владата, Министерството за економија, за понатамошно постапување. Според деталниот извештај над 85% не ги испочитуваа договорените работи односно немаше намалување на продуктите од ноември па во наредните 4 месеци. Имаше компании кои воопшто ги немаа намалено производите, но имаше и компании кои ги намалија цените. 85% не ги испочитуваа оние бенефити кои овозможи Владата и Министерството за економија“, кажа Трајковски.

Премиерот Димитар Ковачевски го потврди кажувањето на директорот Трајковски.

„Ние имавме состаноци по сите основи и за сите досегашни мерки од почетокот на корона кризата до денес со сите стопански комори. И сите вие добро се сеќавате дека на состаноците кои ги имаше министерот за економија со производителите на основни прехранбени производи организирани во стопанските комори и на тој состанок се договоривме дека Владата ќе обезбеди субвенционирана цена на електрична енергија, а тие преку џентлменски договор ќе ги намалат за најмалку 10% цените на основните прехранбени производи кои ги произведуваат. И тоа беше јавно соопштено пред медиумите пред Министерството за економија од министерот за економија и претседателот на Комората на производители на основни прехранбени продукти. Владата својот дел од договорот го испочитува, тоа е џентлменски договор и ние кога цената на електричната енергија беше над 40“, кажа Ковачевски.

Поради ова, поевтината цена за електричната енергија за компаниите беше укината.

Можете да прочитате

Спасовски од Куманово: Да ја зачуваме слободата и демократијата и да ја трасираме иднината!

Под мотото „5 до 12 за македонското здравство“ в понеделник приватните специјализанти ќе излезат пред ресорното министерство

Филипче: Нашата понуда е јасна и искрена, понудата на ВМРО-ДПМНЕ е дестабилизација и застој