Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Расте цената на тутунот, откупот стартува со над 30 проценти повисока цена

Ковачевски: Расте цената на тутунот, откупот стартува со над 30 проценти повисока цена

Претседателот на Владата, Димитар Ковачески, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Прилеп имаа средба со дел од земјоделците производители на тутун и го посетија откупниот пункт за тутун во рамки на Тутунскиот комбинат во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Согласно податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, оваа година како што изјави премиерот Ковачевски, откупот на тутунот започнува со зголемена откупна цена над 30 отсто споредено со минатата година.

„Откупната цена за килограм тутун е 261 денари, за разлика од лани кога била 200 денари за килограм. Ова се историски највисоки откупни цени за тутунот во последните 10 години! Ќе кажам еден податок што ја потврдува мојата констатација – а тоа е дека од 2014 година до денес откупната цена на тутунот е зголемена за 115,7 проценти“, рече Ковачевски.

Како што додаде, пораст има и кај бројот на склучени договори. За реколта 2022 година склучени се 29.653 договори што е за 7 проценти повеќе од минатата година кога биле склучени 27.712 договори. Оваа година, додава Ковачевски, се очекува да се откупи околу 21.000 тони тутун што е за над 10 отсто повеќе од лани кога се откупиле 18.600 тутун.

Можете да прочитате

Пендаровски: Мицкоски не направи ништо за државата, а сега лаже дека со нив подобро ќе се живее

Силјановска-Давкова: Потребен ни е професионален кадар на соодветни безбедносни позиции

Маричиќ: Имаме план за зелена Македонија во која граѓаните ќе станат акционери на енергетските компании