Утрински Весник
Македонија

Ковачевски – Калас: Продолжуваат политичкиот дијалог и суштинската соработка меѓу Македонија и Естонија

Ковачевски – Калас: Продолжуваат политичкиот дијалог и суштинската соработка меѓу Македонија и Естонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, во Вилнус, се сретна со премиерката на Естонија, Каја Калас. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.

dobivaj vesti na viber

Двајцата премиери констатираа дека односите меѓу Македонија и Естонија се традиционално добри и пријателски, проследени со континуиран и развиен политички дијалог.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за силната и континуирана естонска поддршка на македонскиот евроинтегративен пат.

На средбата се разговараше и за теми од дневен ред на самитот на НАТО, како и на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ.

Претседателот на Владата, Ковачевски, ѝ се заблагодари на естонската премиерка Калас за поддршката што Естонија ја дава за нашите приоритети како земја претседавач со ОБСЕ и истакна дека Северна Македонија, како и досега, во рамките на претседавањето со Организацијата, ќе продолжи да вложува напори да ја подобри координацијата и ќе се залага за заедничко спроведување активности како предуслов за позитивни промени во ОБСЕ.

Можете да прочитате

Пендаровски: СДСМ треба да зборува за криминал, корупција и животен стандард, а не секој ден за уставните измени

Пендаровски: Ова е последниот воз за ЕУ, ако го пропуштиме ќе останеме со Босна и Косово

Објавени имињата на компаниите со лажни млечни производи во Македонија