Утрински Весник
Македонија

Костовски: Наместо програма, нови празни ветувања од ДПМНЕ, ништо не е променто во оваа партија

Screenshot 2024 03 25 130716.png

ДПМНЕ наместо програма, на граѓаните им нуди нови празни ветувања.
Главниот град Скопје и над 40 општини кои се под капата на ДПМНЕ се најголем пример за сите лажни ветувања на оваа партија.
Ветуваа модерни општини, бесплатен превоз, еко автобуси, капитални проекти, спортски сали, паркови, школи, улици, водоводи.
Поминаа 2,5 години а ништо од тоа ДПМНЕ не направи. Градоначалниците од ДПМНЕ реализираа 0 проекти, порача на денешната прес конференција Мартин Костовски, пратеник на СДСМ и додаде:
-Но, затоа создадоа хаос, запуштени, нечисти градови, со јавни претпријатија заглавени во долгови, општини без никаков развој.
Така е и овој пат со новите лажни ветувања.
ВМРО ДПМНЕ очигледно нема што да им понуди на граѓаните.
Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена.
Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.
Изборот на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО ДПМНЕ.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница