Утрински Весник
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Камерниот оркестар на Битола е градска и национална гордост

Kameren Bt1.jpg
300x250 (7)

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва во Офицерскиот дом  пред почетокот на првиот официјален концерт на Камерниот оркестар-Битола, „Барокна фантазија” искажа почит кон успесите на ансамблот, кој со својата посветена работа децении наназад, од минатата година е нова национална институција од културата.

„Камерниот оркестар на Битола е градска и национална гордост, инспиративен во творештвото и оригинален во бројните настапи. Поддршката што ја дадовме за негова институционализација и постојаната соработка со Министерството за култура е препознаена од членовите на оркестарот кои неуморно ја создаваат нашата музичка култура и ја пренесуваат на младите генерации”, рече министерката за култура пред концертот во Офицерскиот дом во Битола, каде што беше презентирана програмата на ансамблот за оваа година.

300x250 (7)

Костадиновкса-Стојчевска, обраќајќи се пред полната сала и пред музичарите од Камерниот оркестар кажа дека Министерството за култура ги поддржува вредностите на Оркестарот и создава услуви ансамблот да придонесе за афирмација на Битола како влијателен музички центар во државата и во регионот.

„Упатувам честитки до сите музичари од Камерниот оркестар за нивната десет годишна упорна работа, која нè доведе вечерва до овде, во прекрасниот Офицерски дом, да ја славиме уметноста на националните вредности, уметност која ја афирмира Битола како град и култура, и нејзиниот препознатлив космополитски дух”, рече министерката за култура, изразувајќи верба дека покрај домашните успеси, Камерниот оркестар -Битола далеку ќе го афирмира нашиот град и нашата држава на светските музички подиуми.

Вечерва, пред концертот „Барокна фантазија” на присутните им се обрати и директорот на Камерниот оркестар, Владимир Димовски кој изрази благодарност од поддршката на Министерството за култура и додаде дека како млад ентузијаст верувал дека Камерниот оркестар може да прерасне во професионална институција во која ќе се вработуваат младите луѓе, кои ќе остануваат во Битола. Димовски со задоволство го најави концертот велеќи дека Камерниот оркестар е најголемиот музички бренд на градот.

На концертот беа  изведени некои од најубавите композиции од барокниот период. Музичките уметници Симон Поповски (виолина), Ангела Димковска (флејта) и Дејан Цветковски (виолончело), кои се и првите вработени во Оркестарот, ја збогатија вечерта со својата соло-изведба, а настапи и  сопранистката Биљана Јосифов.

Министерството за култура со над 3 милиони денари ја поддржува годишната програма на Камерниот оркестар во која ансамблот ќе понуди концерти како што се: „Градот на клавирите”, „Гласот на виолончелото”, „Македонска рок симфонија”, како и „Етно симфонија”. Ансамблот нуди богатство на жанрови, стилови и епохи, вклучувајќи и македонски композитори и изведувачи, и гости од странство.

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет

Николоски: Ќе вложиме 50 милиони евра во спортот, спортски објекти…

Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?