Утрински Весник
Македонија

Костадинов сепак не излегува од ЗЕЛС, вели дека е невозможно

Kostadinov 2.jpg

Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов истакна дека ја цени посветеноста на ЗЕЛС за решавање на проблемите, затоа што секој проблем е решлив, како и оној со водата во Струмица.

Тој посочи дека напуштањето на ЗЕЛС е невозможно поради потребното гласање за таква одлука во општинскиот совет, како и поради користењето на апликациите и електронските системи на ЗЕЛС за издавање на градежни дозволи и продажба на земјиште.

– Мојата цел не е да го напуштам ЗЕЛС од што сакам да го напуштам или да алудирам на некаква непочит кон колегата Ѓорѓиевски или кој било друг градоначалник. Алармот за проблемот со водата за пиење е вклучен, за да пристапат централните органи за надминување на состојбата – изјави Костадинов.

Изминатите денови Костадинов најави дека ќе излезе од ЗЕЛС.

Можете да прочитате

Македонија под топлотен бран температури до 40 степени

Мајка од Струга ги оставила децата да спијат во автомобил на паркинг

Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја