Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Нели имаме ликвиден буџет? Државата уште го нема исплатено повратот на ДДВ што ни го должи!

Kostadinov.jpg

Соработката со централната власт е многу лоша, но тоа не ја кочи Струмица да ги реализира сите ветени проекти за граѓаните, меѓу кои социјалната населба, електричен јавен превоз, нов градски пазар, сообраќајни решенија, гасификација, намалување на загадувањето и слично, истакна денеска во гостување во Сител ТВ градоначалникот Костадин Костадинов.

– Владата уште не ни го исплаќа повратот на ДДВ, ниту за јавните претпријатија, на пример за ЈП Струмица транспорт каде државата ни должи 69 милиони денари, а станува збор за ново претпријатие и тие средства значат многу, вели Костадинов кој додава дека ниту струмичките приватни компании немаат добиено поврат на ДДВ.


– Нели имавме многу ликвиден буџет во државава, нели имаше 100 милиони евра за општините од унгарскиот кредит, еве јавно прашувам колку од тие 100 милиони се реализирани за 2024 година? Колку од тие 250 милиони евра кои се најавувани, за кои и Струмица аплицира со проекти за вториот повик ќе бидат резлизирани во 2025 година? Тој ПР не поминува, луѓето имаат информации, тука се и медиумите кои пренесуваат што е реализирано, што не е, се следат завршни сметки на Влада и слично, вели Костадинов.

Можете да прочитате

Кекеновски: Наместо да се чека оставка потребно е разрешување на претседателката на Антикорупциска

Општата болница во Кочани стави во функција хипербарна комора за рехабилитација на повредените од „Пулс“

СДСМ е со работниците за 1 мај и секој друг ден