Утрински Весник
Магазин

Кортни Лав не е обожавателка на Тејлор Свифт

7777777777.jpg
Img 5587

Американската рок-пејачка и вдовица на рокерот Курт Кобејн, Кортни Лав не е обожавателка на Тејлор Свифт… Таа проговори за тоа во нејзиното интервју за „Стандард“ (The Standard) каде што нагласи дека Тејлор не ѝ е занимлива како уметница.

– Тејлор не е важна. Таа можеби е безбедно засолниште за девојките и веројатно е Мадона на денешницата, но не е интересна како уметничка, изјави Лав и ги разбесни љубителите на Тејлор Свифт.

Img 5587

„Кортни секогаш ги напаѓа помладите, поубави и поуспешни жени од себеси. Оди најди работа“, гласи коментар од обожавател.

Во истото интервју Лав изјави дека не ги сака посебно ни Лана Дел Реј, ни Бијонсе, ниту Мадона. Од друга страна, пак, луѓето „откопаа“ нејзина Твитер-објава од 2021 година каде таа ѝ посакала среќен роденден на Тејлор Свифт и ѝ порачува дека е „инспирација за младите жени“ денес.

– Одлично е што има толку многу успешни жени во музичката индустрија, но многу од нив стануваат „клише“… Сега, секоја успешна жена добива свој клон, па има премногу музика. Сите се исти. Ако пуштите нешто на „Спотифај“, ќе бидете бомбардирани со многу работи коишто се сосема исти, појасни Кортни.

Инаку, рокерката која е на самиот праг од седмото десетлетие од својот живот, ќе има серија аудиоразговори за „Би-би-си рејдио 6“ под наслов „Жените на Кортни Лав“ (Courtney Love’s Women), во којашто таа се осврнува на музичарките кои влијаеле врз неа во текот на нејзината кариера.  

Ss1

Можете да прочитате

Бојата на јазикот може да предупреди на рак или дијабетес, тврдат научниците од Харвард

Овие пијалоци и храна може да предизвикаат мигрена

Во посета на Бимилк 200 деца од градинката „Пролет“ се запознаа патот на млекото