Утрински Весник
Спорт

Корона вирусот го одложи дербито Олимпија-Црвена звезда

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Утрешното дерби во АБА лигата помеѓу Цедевита Олимпија и Црвена звезда нема да се одигра. Натпреварот во Љубљана е одложен поради корона вирусот.

dobivaj vesti na viber

Домаќинот пријавил неколку случаи на ковид, четири или пет, поради што побарал одложување на натпреварот.

Вест за одложување на натпреварот кошаркарите на Црвена звезда ја дознале во моменто кога слетале во главниот град на Словенија. Црвено-белата експедиција вечерва ќе се врати во Белград.

За бранителот на титулата во АБА лигата ова значи одмор пред поврзаните гостувања во Евролигата. Звезда во среда ќе игра против Басконија, додека петок е предвидено да му гостува на Реал во Мадрид.

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи