Утрински Весник
Спорт

„Копилиња“, „цигани“ – И на Реал со навредливи пораки пречекани во Белград

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Партизан вечева ќе го пречека Реал Мадрид во третиот натпревар од четвртфиналната серија. Црно-белите ги добија првите два натпревари во Мадрид, со победа пред своите навивачи ќе изборат пласман на завршниот турнир во Каунас.

dobivaj vesti na viber

Поради тепачката што се случи на 100 секунди до крајот на вториот меч, натпреварот во Белград е од висок ризик. Реал побара досега невидени мерки за обезбедување на своите играчи.

Реал, вчера нешто пред 18 часот пристигна во Белград, а на патот од аеродромот до хотелот, играчите секаде можеа да прочитаат навредливи пораки. Сите беа напишани на шпански јазик, со исклулок на една, упатена до Џанан Муса.

„Муса (ви) и вас ќе ве е..ме“.

На останатите пароли што висеа на надвозниците навивачите на Партизан на играчите на реал им порачаа дека се „копилиња“ и „цигани“.

„Аргентинско циганско копиле“ е порака упатена до Габриел Дек, кој поради суспензија нема да игра вечерва, но отпатува во Србија. Доколку Реал победи во третиот меч, Дек ќе може да игра во четвртиот натпревар.

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија