Утрински Весник
Македонија

Контролите од мобилна Царина на Охридско езеро со позитивен ефект – евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз 

Image 2026 08 15 095927980 e1786780869589.png

Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР изврши контрола врз 38 пловни  објекти на Охридското езеро. Извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат, а согласно Царинскиот закон, Законот за внатрешна пловидба и останатите регулативи со кои е регулиран увозот, прометот и управувањето на пловните објекти.

„Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за пловни објекти кои биле внесени со привремен увоз, што укажува дека контролите даваат ефект”, вели управникот на Царинарница Битола, Ѓоко Трпоски.

Целта на царинските контроли е проверка на царинскиот статус на пловните објекти кои се внесени во државата, особено на пловилата регулирани со привремен увоз кои согласно царинските прописи можат да се употребуваат во државата, согласно законски утврдениот рок, по што доколку не извршат повторен извоз и не ја напуштат државата треба да го регулираат правниот статус и пловилото увозно да го оцаринат.

Началникот на Одделението за оперативни работи, Душан Размовски, потенцира дека мобилните тимови ќе продолжат со зајакнати контроли, при што секое непочитување на законските одредби ќе резултира со соодветни прекршочни санкции, вклучувајќи и одземање на пловниот објект.

Можете да прочитате

Борозан: Наместо срамна здравица пред камери, објавете го извештајот за водата во Гостивар

СВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожари

Регистрирани 27 пожари, активни шест, еден под контрола