Утрински Весник
Македонија

Конститутивна седница на новиот состав на ДКСК

432224 720x340 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе одржи конститутивна седница.

Новиот состав на ДКСК започна со работа пред една недела откако претседателката комисијата Татјана Димитровска и членовите на новиот состав на ДКСК Цвета Ристовска, Софија Спасова Медарска, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев, Сервет Демири и Зоран Богоевски, по изборот, во Собранието дадоа свечна изјава.

На дневен ред на денешната седница на ДКСК е избор на Заменик претседател, состојба на предмети на ден 08. 02.2024 година, како и активности во врска со надлежностите на ДКСК за време на изборниот период. 

Можете да прочитате

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите во април

31 пациент, половина малолетници примени на Токсикологија

Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Скопје