Утрински Весник
Економија

Констатирани измамнички трговски практики, рекламирале „0% камата“, а наплаќале дополнителни трошоци

Mf.webp.webp

При реализиран надзор над работењето на финансиските друштва констатирани се одредени измамнички трговски практики коишто се однесуваат, мeѓу другото  на рекламирањето на финансиските услуги и други дејствија од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите, информира Министерството за финансии (МФ).

При надзорот констатирани се рекламирање со 0% камата, иако во договорите за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци. Исто така, констатирани се неправилности коишто се однесуваат на рекламирање на финансиски услуги под брендови без да се наведе финансиското друштво коешто ја нуди конкретната услуга, потоа користење повеќе веб страни од страна на исто финансиско друштво, како и користење назив на друштвото во деловните простории различен од називот утврден во дозволата за работа на финансиското друштво.


Министерството за финансии на сите финансиски друштва кај коишто утврди неправилности им наложи да ги отстранат сите реклами и натписи во деловните простории коишто би можеле да ги доведат граѓаните во заблуда. Во спротивно Министерството за финансии ќе ги преземе расположливите мерки во насока на заштита на граѓаните како корисници на финансиските услуги.

Имено, во насока на усогласување со законските одредби, финансиските друштва се должни да го користат исклучиво називот согласно дозволата за работа издадена од Министерството за финансии, како и користење една веб страна, која јасно укажува за кое финансиско друштво станува збор. Согласно Законот за заштита на потрошувачите одредена трговска практика се смета како измамничка доколку во содржината изостануваат битни инфромации што на потрошувачот му се потребни за да донесе правилна одлука, прецизираат од Министерството за финансии.

Можете да прочитате

Трипуновски: Од почетотокот на 2026 се исплатени околу 20 милиони евра поддршка за земјоделците

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

СДСМ: Цените на светските берзи паѓаат, само кај нас не, владата на Мицкоски профитира од народот