Утрински Весник
Култура

Конкурс за расказ за млади автори

Конкурс за расказ за млади автори

Деновиве е распишан првиот конкурс за краток расказ за млади автори „Тврдоглави“. На конкурсот со по еден расказ можат да учествуваат автори на возраст од 16 до 25 години. Расказот треба да биде необјавен, напишан на македонски јазик и да не надминува 10.000 карактери.

dobivaj vesti na viber

Конкурсот е отворен до 31 декември 2022 година, а расказите се испраќаат под шифра на електронската адреса [email protected]

Тричлената жири-комисија, која ќе биде составена од еминентни писатели, критичари и професори, ќе додели три награди, и тоа прва награда во вредност од 60.000 денари, втора награда од 20.000 денари и трета награда од 10.000 денари.

Резултатите на конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 25 јануари 2023 година, а врачувањето на наградите ќе биде на 31 јануари 2023 година.

Трите првопласирани раскази ќе бидат објавени во посебна публикација.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“