Утрински Весник
Магазин

Николас Кејџ го смени изгледот за улогата во новиот филм

Николас Кејџ го смени изгледот за улогата во новиот филм

Оскаровецот Николас Кејџ снима филм во Торонто, а за улогата толку многу го промени својот изглед што малкумина би го препознале.

dobivaj vesti na viber

Во комедијата Dream Scenario („Сценарио од соништата“) на норвешкиот режисер и сценарист Кристофер Боргли, Кејџ игра запоставен и неуспешен професор кој преку ноќ станува славна личност откако ќе се појави во соништата на сите на планетата.

Ќелав, со седа брада и со дебели очила, актерот е навистина тешко да се препознае.

Во филмот глумат и Џулијан Николсон, која неодамна доби „Еми“ за улогата во Mare Of Easttown, Дилан Бејкер, Кејт Берлант и Џенифер Вигмор.

Можете да прочитате

Човештвото чекор поблиску до неограничена чиста енергија

„Плазма“ и „Роса“ ја продолжуваат заедничката иницијатива за да им донесат радост на првачињата

Концертот на Дино Мерлин во Краљево откажан на неколку дена пред настапот