Утрински Весник
Свет

Конгресот го усвои првиот законски предлог на Трамп за апсење илегални имигранти

20250123082624 Big 730x400 54.webp.webp

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои првиот законски предлог на претседателот Доналд Трамп, кој бара апсење на илегални имигранти обвинети за кражби и насилни злосторства.

Законот е усвоен со 263 гласа „за“ и 156 „против“, со поддршка на 46 демократи и 217 републиканци.


Тој предлог, именуван по Лејкен Рајли, девојката од Џорџија која минатата година беше убиена од илегален имигрант од Венецуела, сега мора да биде потпишан од Трамп пред да стапи на сила.

Можете да прочитате

Русија погоди товарен брод во Црно море, над 10 загинати

Епидемија на ебола во Африка, најмалку 930 починати

Аеродром и пристаниште во јужен Јордан се евакуирани поради закана, соопшти Американската амбасада во Аман