Американските федерални обвинители заплениле имот од речиси 700 милиони долари од основачот на „FTX“, Сем Бенкмен-Фрид, главно во форма на акции на Robinhood, се вели во судската пријава што ја објави Ројтерс.
Тој беше обвинет за кражба на милијарди долари од клиенти на берза за криптовалути, со цел да ги исплати долговите на неговиот „хеџ“ фонд фокусиран на крипто.
Се изјасни за невин, а судењето е закажано дури за во октомври годинава.
Feds seized nearly $700 million from FTX founder Bankman-Fried https://t.co/MOWdX1eRdn pic.twitter.com/kt85j04CgL
— Reuters (@Reuters) January 21, 2023
Американското Министерство за правда го обелодени запленувањето на акциите на Robinhood претходно овој месец, а вчера достави комплетна листа на запленети средства, вклучувајќи готовина чувана во различни банки и средства депонирани на крипто берзата Binance.
Сопственоста на запленетите акции на Robinhood, проценети на околу 525 милиони долари, беше предмет на спорови меѓу Сем Банкмен-Фрид и крипто фирмата BlockFi, која банкротираше.