Утрински Весник
Економија

Конференцијата за е-трговија со повеќе од 700 домашни и странски гости

20241111175339 Big 730x400 2.webp.webp

Под мотото „E-commerce: Untangling Potential”, денеска  во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи седмото издание на Конференцијата за е-трговија.

Еминентни експерти од големите светски брендови ТикТок, Опен АИ (креаторот на Чет ЏПТ), Кларна, Заландо, Виза, но и претставници од едни од најуспешните регионални бизниси ќе бидат дел од најавената програма кои преку предавања, панел дискусии и разговори ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата, вештачката интелигенција, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.

На конференцијата најавено е присуство на повеќе од 700 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори и менаџери на компании и владини и невладини претставници од земјава, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Хрватска, Грција и Бугарија.

Како дел од програмата ќе бидат презентирани клучните сознанија од анализата со наслов „Преглед на Е-трговијата во Западен Балкан, 2024 година”, ќе се зборува и за предизвиците на е-трговците поврзани со доставата, можностите за е-плаќање, прекуграничнот и меѓународен раст на бизнисите, и за маркетингот и вештачката интелегенција во е-трговијата.

Како што е најавено, пред присутните ќе се обратат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, германската амбасадорка Петра Дрекслер,  Мариа Канелопулу од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија и претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска Станков.

Можете да прочитате

Со такси лани се возеле речиси 18,5 патници

Бројот на субјекти што не издаваат фискални сметки сè уште голем, привремено затворени 25 објекти

Славески од Регионалниот состанок на гувернери: Поврзувањето на  системите за инстант плаќања е едно од најпрактичните решенија за побрзи и поевтини прекугранични плаќања