Утрински Весник
Култура

Концертна промоција на „New Era” на Никола Мицевски во Битола

Концертна промоција на „New Era” на Никола Мицевски во Битола
Ss2

Нов возбудлив проект на Авалон Продукција – концертната промоција на Никола Мицевски по повод неговиот нов албум „NEW ERA”!

dobivaj vesti na viber

Првиот од неколкуте планирани концерти ќе биде одржан во неговата родна Битола на 9ти декември во Центарот за култура!

Ss1

Проектот „NEW ERA” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти.

Никола Мицевски, заедно со неколку познати инструментални и вокални солисти, во придружба на бенд од околу 15 академски музичари спремаат едно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика!

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (16ти ноември) онлајн на www.avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон во Македонија.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“