Утрински Весник
Култура

Концерт за деца со оркестарот на Филхармонијата

Концерт за деца со оркестарот на Филхармонијата

В сабота, во 12 часот, оркестарот на Македонска филхармонија ќе го одржи концертот за деца насловен „А Zoo Called Earth“. Диригент е Ангел Спировски, а како солисти ќе настапат пијанистките Ивана и Ана Мазнејкови. На програмата се „Карневал на животни“ од К. Сен-Санс и “А Zoo Called Earth” од П. Шикл. Режисерка е Тамара Стојаноска, аниматор е Бобан Алексоски, а визуелизација и анимацијата се на Иван Коминовски. Концертот се реализира во соработка со Театар „Златен Елец“ Скопје.

dobivaj vesti na viber

Приказната е за еден магионичар кој понекогаш е кловн, но секогаш – чувар на нашата планета. Заедно со оркестарот на Филхармонија и еден „вонземјанин“ ќе ги поведат најмладите на магично музичко патување со „Карневалот на животните“од К.Сен-Санс и “А Zoo Called Earth” од П.Шикл. Преку многу музика, интеракција и анимација децата ќе учат за животните, за природата и ќе ги потсетиме колку е важно да ја чуваме и сакаме нашата планета земја!

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“