Утрински Весник
Свет

Тропска бура ја пустоши Јужна Африка, најмалку 100 загинати

Тропска бура ја пустоши Јужна Африка, најмалку 100 загинати

Разорната тропска бура Фреди, која вторпат за еден месец помина низ јужна Африка, однесе најмалку 100 животи во Малави и Мозамбик, десетици повредени и предизвика голема материјална штета, пишува „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

Според Светската метеоролошка организација, Фреди е една од најсилните бури што некогаш биле забележани на јужната хемисфера и може да биде најдолготрајниот тропски циклон, пишува британскиот весник.

Во саботата невремето го погоди центарот на Мозамбик. Бројни куќи останаа без покриви, а имаше и големи поплави во областа околу пристаништето Келимане, по што невремето се упати кон Малави со поројни дождови кои предизвикаа лизгање на земјиштето.

Вистинската големина на штетата и точниот биланс на загинати, особено во Мозамбик, сè уште не е јасна бидејќи нема струја или телефонски сигнал во делови од погодената област. Во невремето во Малави загинаа 99 луѓе, вклучително и 85 во главниот трговски центар Блантаер, изјави Чарлс Калемба, комесар на Одделот за управување со катастрофи.

Вкупниот број на загинати од бурата Фреди во Мозамбик, Малави и Мадагаскар откако за првпат дојде на копно минатиот месец, сега е околу 136, пренесува „Гардијан“.

Централната болница на Блантир примила најмалку 60 тела до раните попладневни часови, изјави телефонски за „Ројтерс“ директорката на Лекари без граници (МСФ), Марион Пешир, додавајќи дека околу 200 повредени лица се згрижени во болницата.

Портпаролот на полицијата во Малави за „Ројтерс“ изјави дека спасувачките тимови трагаат по исчезнатите лица во Блантаер, вториот по големина град во земјата, каде во понеделникот сè уште врнеше дожд, а многу жители се без струја.

Можете да прочитате

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка и хуманитарен кошмар

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале