Утрински Весник
Култура

Концерт на Ивона Нацевска и Андреј Наунов

Концерт на Ивона Нацевска и Андреј Наунов
Ss2

Ивона Нацевска е млада оперска пејачка, уметник, кој својот талент, посветеност и љубов кон музиката ги покажува од рано детство. На своја 5-годишна возраст станува член на детскиот хор „Лале“ во Тетово, подоцна и во ГЖМХ „Менада“.
Низ нејзиното музичко образование таа зема учества на концерти и многубројни натпревари во Македонија, Србија и Бугарија.

dobivaj vesti na viber

Нацевска е родена на 12 март 1999 во Тетово и уште од најрана возраст започнува да ја изучува сериозната музика, најпрво како пијанист, посетувајќи го нејзиното нижо музичко училиште во градот, а подоцна како вокален изведувач, поттикната од големите оперски изведувачи.

Ss1

Водена од забава и љубопитност посетувајќи го детскиот хор „Лале“, Ивона со големо нетрпение и радост влегува во светот на музиката.

Дипломирањето на Ивона на Факултетот за музичка уметност во Скопје е проследено со нејзин солистички концерт во фоајето на Национална опера и балет.

Во текот на изминативе години Ивона има остварено награди на меѓународни и државни натпревари.

Концерти посветени на руската романска во Софија (Бугарија), оперски гала концерт „Коста Трпков“, концерт на „Живеј со музика“, „Креативни точки“ – 2017, „Креативни точки“ – 2019, „My Way“ – 70 години на маестро Ивица Зориќ, се само дел од настаните на кои Нацевска има оставено свој белег и кој упорно чекори и тежнее кон поголеми музички остварувања.

Ивона Нацевска моментално е вработена во НУ Национална опера и балет.

Андреја Наунов е роден во Кочани. Дипломира на Факултетот за музичка уметност-Скопје на одделот пијано во класата на доцент-проф. Симон Трпчески, во чија класа е и на постдипломски студии.

Добитник е на неколку државни награди по камерна музика и пијано а има и остварено бројни солистички рецитали, настапи со Македонската филхармонија и оркестарот на Македонската опера и балет.

Еден од по значајните настапи се турнеите со пијанистот и негов професор Симон Трпчески на територија на Р Македонија.

Дава свој придонес и во хуманитарните манифестации како концертни изведби, претстави и сл.

Покрај пијанистичката кариера напоредно се реализира и во вокалните ансамбли. Еден од нив е ансамблот „Вокали” со кој настапува на Охридско лето, Скопско лето, ДММ, снимање на филмска музика. Исто така настапува и со вокалниот ансамбл „Хераклеа” на Дубровничките летни игри, Охридско лето, Вино фестивал-Нови Сад.

Како корепетитор тој има извонредни можности да ги истакнува своите изведувачки вештини на пијано низ завиден број настапи во државата со различни ансамбли и солисти во Македонија, како и во странство (Швајцарија, Австрија, Србија, Германија, Унгарија, Романија, Словенија).

Како свои соработници во концертната –корепетиторска дејност има соработка со првенците на МОБ: Славица Галич, Весна Гиновска, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Ана и Игор Дурловски. Со инструменталистите Микајло Куфајанакис, Климент Тодоровски и уште многу други.

Покрај пијанистичката, корепетиторската, вокалната кариера се реализира и во полето на диригирањето, поточно со хорот на црквата Пресвета Богородица од Скопје, со кој хор во 2012 и 2016 година оствари извонредни концерти во Виена во дворецот Шонбрун и во една од најголемите цркви во Виена „Св. Петар”. Во 2015 оствари турнеја низ Италија со хорот имајќи неколку концерти во Венеција, Бари, а хорот беше и дел од чествувањето на Св. Кирил и Методиј во Рим.

Во 2018 имаше мошне успешна агенда на неколку фестивали низ Европа, како „Епидариус” во Хрватска, фестивалот на класика во Италија и „Музика” во Германија.

Во мај 2013 година беше член во жири за пијанисти на Меѓународниот фестивал за Славјанска музика во Москва, каде што и оствари неколку настапи низ Москва, вклучувајќи го отворањето на фестивалот.

Поради своите извонредни способности и во актерството искоординирано со своите пијанистички способности во последните 6 години тој зема учество и остварено преку 700 претстави и други перформанси во детски проекти на Десанка Глигоријевиќ.

Во септември 2019 учествува на фестивалот „Мокрањчеви дани” во Неготин со хорот „Вардар” од Скопје и добива награда за најдобра изведба на негово дело од домашен репертоар.

Во 2014 година се запишува на оркестарско диригирање на ФМУ во класата на Саша Николовски-Ѓумар, и во септември 2019 ја диригира операта „Рита” во Македонска Опера и Балет како своја дипломска работа.

Во меѓувреме, додека студира на диригирање автор и реализатор е на првата стендап опера во која учествува како сценарист и диригент со целокупниот ансамбл на МОБ. Истата година настапува како дел од големиот јубилеј на маестро Томислав Шопов, 50 години уметничка дејност, со солистите Весна Гиновска и Борис Трајанов.

Вработен е во Македонската опера и балет, а од 2009 година работи како надворешен соработник на Факултетот за музичка уметност- Скопје.

Програма:
1. В.Белини – Циклус “Sei Ariette” – „Malinconia, Ninfa gentile“
2. В.Белини – Циклус “Sei Ariette” – „Vanne, o rosa fortunate“
3. В.Белини – Циклус “Sei Ariette” – „Almen se non poss’io“
4. В.Белини – Циклус “Sei Ariette” – „Per pietà, bell’idol mio“
5. В.Белини – Циклус “Sei Ariette” – „Ma rendi pur contento“
6. В.Белини – Арија на Џулиета од Операта „Капутели и Монтеки“ – „Oh, quante volte“
Исполнува: Ивона Нацевска
7. Џ.Капуро – Наполитанска песна „О sole mio“
Исполнува: Влатко Груевски
8. Ж.Бизе – Арија на Кармен од Операта „Кармен“
Исполнува: Мартина Аврамоска
9. Ф.Обрадорс – Шпанска песна „Chiquitita la novia“
Исполнува: Биљана Дабеска
10. С.В.Рахманинов – “Здесь Хорошо”
11. В.Ди.Киара – Шпанска песна „ La Spagnola“
12. Е.Kaлман – Aрија на Жозефина од Операта „Царица Грофица“ – “Мein Traum, mein Traum“
Исполнува: Ивона Нацевска
13. Е.Калман – Терцет од Операта „Војводката на чардашот“
Исполнуваат: Мартина Аврамоска, Влатко Груевски и Ивона Нацевска
14. Џ.Верди – Дует од Операта „Травијата“
Исполнуваат: Ивона Нацевска и Влатко Груевски

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“