Утрински Весник
Македонија

КОН МАКЕДОНИЈА ДОАЃААТ НОВИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ: Ќе врне дожд, снег и ќе има ново големо зголемување на снежната покривка!

Overview 20241130 00 024.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на денешното попладне, како и во текот на претстојната ноќ, територијата на Македонија ќе биде зафатена од нова многу голема влажна воздушна маса, која е во склоп со студената воздушна маса од север.

Во ваква ситуација, ќе има нови обилни врнежи, кои во западните, југозападните  и во северозападните предели од државава ќе бидат од дожд и снег во пониските места, понекаде и влажен снег, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. На планините значително ќе се зголеми снежната покривка (се очекува нов снег од над 60/70 цм), додека на повисоките места таа ќе биде со висина од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до 40 цм, додека снежна покривка во погоре споменатите предели ќе се формира и во повеќето градови, понекаде со висина од 10 до 20 цм, локално и повеќе.

Ќе дува ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. На планините ќе има услови и за појава на снежни наноси.

Што се однесува до Скопскиот регион, таму очекуваме врнежи од дожд, повремено од дожд и снег во делови од Скопската котлина, додека во повисоките предели од котлината, како и на околните планини ќе врне снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 6 степени, во Скопје температурата ќе се искачи до околу 3 степени.

Апелираме, доколку патувате низ планинските превои, да бидете крајно внимателни со своите возила, поради очекуваните нови обилни врнежи од снег.

Можете да прочитате

Пожар во кругот на болницата во Битола, нема материјална штета, ниту се загрозени вработените и пациентите

УНЕСКО со сериозни критики: Охридскиот регион под закана да го изгуби статусот на заштитено богатство

Два полициски хеликоптери интензивно го гасат пожарот кај Чучер-Сандево, исфрлени преку 70 тони вода