Утрински Весник
Култура

Комедијата „Обвинителка“ во Скопје на 22 септември

Комедијата „Обвинителка“ во Скопје на 22 септември

Комедијата „Обвинителка“ ќе биде изведена на сцената на Националната опера и Балет на 22 септември 2023 во 20 часот. Комедија без вулгарности, комедија на ситуации со јасно изразени карактери и комедија што третира актуелна тематика.

dobivaj vesti na viber

Автор на текст е Огнен Неделковски, режисер е Сашо Ристовски, сценограф е Крсто Богојевски, костимографијата е на Елена Лука и музиката на Мишел Трајковски.

Улогите ги толкуваат: Лидија Вукиќевиќ (Србија), Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов.

Како е да се биде бизнисмен? Обвинител или вработен во обвинителство? Кои средства се користат за спас од обвинение? Љубовта и страста што може да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушуваат, колку и на што сè сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања, кои се карактеристични на денешното време. Како и многу други прашања, самата претстава го дава одговорот.

Тоа што оваа комедија ги спои уметниците од Србија и Македонија е патоказ како треба да се работи во иднина на полето на културата.

По барање на публиката, хит-комедијата „Обвинителка“ ќе гостува во Кочани, Кичево, Гостивар, Неготино, Велес и во Струмица, а веќе следниот месец се предвидени гостувања и во дијаспората.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“