Утрински Весник
Македонија

Колоните на ГП Табановце се поради црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија

Presevo Tabanovce.jpg

Колони возила се забележуваат на граничниот премин со Србија, Табановце-Прешево.

Од македонското Министерството за внатрешни работи известуваат дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.

-Граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба, велат од МВР.

Можете да прочитате

Авторот на македонското знаме Грчев: Сонцето и црвената боја да останат, но знамето може да се усоврши

Јоновски за 4ТВ: Стравот од реакциите на соседите го одложуваше изборот на нов државен грб

Огномет, илјадници граѓани на плоштад – спомените на Перо Камиказа од 8 Септември 1991