Утрински Весник
Спорт

Коко Гоф ја освои титулата во Пекинг

Images 2 1.jpg

Американската тенисерка Коко Гоф го освои ВТА турнирот во Пекинг, откако во финалето ја совлада Чешката тенисерка Каролина Мухова со 6:1, 6:3.

Натпреварот траеше еден час и 17 минути. Гоф е рангирана на шестото место во светот, додека Мухова е на 49. место на ВТА листата. Со триумфот во Пекинг Гоф ја освои осмата титула во кариерата.

Со освојувањето на турнирот во главниот град на Кина, американската тенисерка освои парична награда од 1,1 милион долари, како и 1.000 поени за ВТА листата.

Мухова за ВТА листата доби 585.000 долари и 650 поени. ВТА турнирот во Пекинг се одигра за награден фонд од 8.955.610 долари.

Можете да прочитате

Стартува фудбалската Лига на шампиони, минута молк за жртвите во Непал

Инфантино повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар