Утрински Весник
Свет

Кокаинот во Германија се доставува како пица

Kokain1.jpg
Dik 300x250 mk

Кокаинот денес го консумираат луѓе од сите сфери на животот. Експертите велат дека оваа дрога е сеприсутна во Германија. А тоа има многу сериозни последици по здравјето на граѓаните, пишува Дојче веле.

„Едвај постои социјална група во која не се користи кокаин“, вели Хајке Зурхолд, социолог и криминолог во Центарот за истражување на зависности (ЗИС) во Хамбург.


Во изминатите десет години, според ЗИС, повеќе од двојно е зголемен бројот на возрасни во Германија кои консумираат кокаин. Алармантно зголемување на бројот на корисници на кокаин регистрира и здравственото осигурување „Бармер“. Бројот на луѓе кои примаат третман за злоупотреба на кокаин е тројно зголемен во изминатите десет години, тврди Бармер.

„Наместо пица, доставувачот носи кокаин“ А колку масовно е зголемена потрошувачката на кокаин, покажува и анализата на канализацијата во германските градови. Откриени се зголемени концентрации на остатоци од кокаин. Полициските и царинските власти секоја година бележат зголемени количини на запленета дрога. Во 2017 година во Германија беа запленети осум тони кокаин, во 2023 година веќе 43 тони – и сето тоа во реалноста е само мал дел од она што всушност завршува на пазарот.

Можете да прочитате

Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз

Индонезиската полиција откри сомнителен прав при истрагата на експлозиите во џамија во Џакарта

Комбе со австриски и шпански новинари нападнато со дрон во источна Украина