Утрински Весник
Македонија

Кочани не заборава – продолжува маршот за жртвите од „Пулс“

Img 3687.jpeg

Родителите, роднините и пријателите на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ повторно излегоа на улиците за да потсетат дека и по трагедијата сè уште чекаат правда и одговорност. Со транспаренти, полни со револт, гнев и тага, тие упатија пораки до институциите и системот кој, според нив, ги изневерил.

„Престанете со тортура на нашите семејства“, „Ние изгубивме, вие уште имате за што да се борите“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“, „62 животи, 62 иднини, 62 семејства со вечна болка. Правда и одговорност – нема мир без тоа“, „Крив е системот, не беше несреќа, беше неодговорност! Правда за нашите деца“ – пишуваше на транспарентите што ги носеа учесниците.


„Маршот на ангелите“ се одржува секоја сабота, во 18:05 часот – време кое симболично ја претставува доцната реакција на институциите по несреќата.

Можете да прочитате

Голем пожар во Шуто Оризари, густ црн чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Алиу го пушти во употреба реконструираниот Здравствен дом во Куманово, инвестирани 6 милиони денари

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Луѓе без имиња, организатор без име, иднина без лице