Утрински Весник
Македонија

Kочани го доби првото новороденче на Божик

Bebe Noga 960x640 1.jpg

На свет дојде првото новороденче во новата година во Кочани.Утрово,  7 јануари, во 2:45 часот, токму на големиот христијански празник Божик, на свет дојде Миха.

Станува збор за машко бебе, родено на Акушерското одделение при Општата болница во Кочани. Мајката е од Гостивар, но живее во Оризари и ова е нејзина втора рожба, што ќе го носи името Миха.

Првото новороденче во 2026 година во Кочани е тешко 3, 5 килограми и долго 53 сантиметри. Породувањето е поминато нормално, родилката се чуствува добро, вели  спец. гинеколог акушер Илчо Атанасовски.

Градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов ги посети мајката и новороденчето. Врачувајќи им традиционалние подароци и им посака добро здравје и многу среќа.

Можете да прочитате

Алиу: Не сум во политиката за функција, туку за да менувам работи

Алиу: Со учеството во EU4Health се отвораат нови можности за развој и модернизација на здравствениот систем

Пијан возач на 79 години возраст оштетил шест автомобили во центаеот на Охрид