Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Коцевски: Во моментов се апсат уште седум полициски службеници околу истрагата за Кочани

Ljupco Kocevski Nov Javen Obvinitel Zakletva 14a Bg.jpg
300x250 opst2

Државниот обвинител Љупчо Коцевски вечерва на Топ тема на Телма објави дека пред да влезе во студиото добил информација дека основниот обвинител издал решение за приведување на седум полициски службеници кои утре ќе бидат најверојатно изнесени пред судија за претходна постапка. Коцевски не можеше да каже дали овие полицајци се сега на функција или се од претходната постава.

Според Коцевски, објектот „Пулс“ не бил познат само на полицијата, бил познат на целиот град. Бил познат и на локалната самоуправа, бил познат и на сите надлежни институции кои што требало да функционираат.


„Тоа значи дека 13 години во Кочани не е извршен никаков инспекциски надзор на објектот“, рече Коцевски.

Во однос на полициските службеници кои биле ноќта, додаде Коцевски, „јавното обвинителство сè уште собира докази зошто отишле, по чиј налог, што презеле и кога се случил пожарот“.

Неофицијално, дел од лицата кои се приведуваат се пензионирани, а се поврзуваат со издавањето на дозволи кои помогнале да се издаде лиценца за дискотеката „Пулс“ за да може да работи.Со ова, бројот на осомничени полициски службеници се искачи на 14 лица, бидејќи веќе се приведени други седум полицајци.

Можете да прочитате

Банките заинтересирани да ја финансираат пругата кон Бугарија, вели Мицкоски

ФЗО вели дека Д-р Кузмановски има активен факсимил, но се чека одговор од Комората

Македонската вештачка интелигенција ќе се вика Везилка