Утрински Весник
Македонија

Коалиција Вреди: Централен митинг в понеделник

Img 6533 Scaled.jpeg
Img 5587

Денеска се собравме овде, заедно, шефовите на изборната кампања во рамки на Коалицијата ВЛЕН, за да јаинформираме пошироката јавност за централниот митингшто ќе се одржи во понеделник на 22 април, 2024 година.

За да бидеме максимално транспарентни пред граѓаните, сакаме да ве информираме дека, како што налагапроцедурата, поднесовме барање до Град Скопје за да гоорганизираме централниот митинг на плоштадотМакедонија, за сите да видат што значи извонреден митинг, со слободна волја и без притисок, додека корумпиранатавласт во бегство да види што значи народна поддршка, штотие одамна ја немаат.

Ss1

Од Град Скопје до денес немаме никаков одговор, што значидека одговорот е негативен, а ваквата одлука ја донелеградоначалничката Данела Арсовска, Блерим Беџети и Левица кои се во коалиција, во паника да ја спречаткоалицијата ВЛЕН да го организира централниот митинг, знаејќи ја атмосферата и големата поддршка од граѓаните. Секој одговор што ќе дојде во понеделник ќе биде закаснет и тенденциозен поради краткото време за организирање.

Но, ние не остануваме со скрстени раце, заедно со нашитеструктури и народ, решивме да ја завршиме овааисклучително позитивна кампања за претседател нигдедруго освен овде, на нашиот плоштад, на плоштадот што гоноси името на нашиот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу, да ја најавиме победата на Коалицијата ВАЛЕН, со големсобир!

Повторуваме, централниот митинг ќе се одржи во Скопје, наплоштадот Скендербег, на 22 април, понеделник, во 20:30 часот. 

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани